четврток, август 20, 2026
Дома СВЕТ Ужасна трагедија на река: Се превртел чамец, пронајдени телата на 40 деца...

Ужасна трагедија на река: Се превртел чамец, пронајдени телата на 40 деца – не се знае дали тоа е конечниот број на жртви

1

Пронајдени се телата на околу 40 деца кои загинаа кога преполн чамец се преврте во северозападната провинција Сокото, изјави Абдулкадир Јусуф, раководител за областа при Управата за внатрешни водни патишта.

„Можам да потврдам дека досега се пронајдени телата на околу 40 деца, а потрагата по телата на останатите продолжува“, рече Јусуф.

Локалниот традиционален поглавар, Саркин Даџи, изјави дека несреќата се случила утринава, кога патниците тргнале на берба на ориз.

Засега не е познат конечниот број на жртви во оваа несреќа, пренесува Срна.

ИЗДВОЕНИ