четврток, јули 2, 2026
Дома БАЛКАН Ужас во Хрватска: Убиецот на 19-годишниот доставувач на пица, лежел во затвор...

Ужас во Хрватска: Убиецот на 19-годишниот доставувач на пица, лежел во затвор за убиство на девојка

755

Хрватската полиција, со сите расположливи сили и техника, денеска ја продолжи интензивната потрага по 50-годишниот Кристијан Алексиќ од Дрниш, осомничен за убиството на 19-годишно момче, доставувач на пица. Момчето беше неколкупати застрелано од огнено оружје синоќа околу 23 часот, на терасата од семејната куќа на Алексиќ. Потрагата е насочена кон блиската шума каде што би можел да се крие убиецот, по кого се трага и со дронови.

Според неофицијални информации на „Слободна Далмација“, убиениот 19-годишник, матурант во средно училиште од Дрниш, работел во викенд-смена во локална пицерија. Доставата требало да ја изврши негов колега, но ја одбил, затоа што Алексиќ важел за опасен човек од кој многумина се плашеле и го избегнувале. Според весникот, 19-годишникот му рекол на колегата дека ќе одат заедно и дека нема да има проблем.

Не е сосема јасно што точно се случило кога доставувачите пристигнале на адресата на Алексиќ. Се знае само дека несреќниот млад човек излегол од возилото и се упатил кон куќата. Потоа се слушнале истрели, при што тој бил погоден, паднал и починал, а неговиот колега избегал во паника и веднаш повикал полиција.

Кристијан Алексиќ од претходно им е познат на судството и полицијата. Во 2002 година, Сплитскиот окружен суд го осудил на 12 години затвор за тешко убиство на 22-годишната Маријана Сучевиќ, извршено во мај 1994 година. Тој ѝ пришол на девојката од зад грб и ѝ нанел 17 убодни рани со нож, а потоа ја удирал по главата со метална прачка. Пред судот, како мотив ги навел насилните сцени од американските филмови кои сакал да ги испроба. Неговата мајка, која го пријавила, тврдела дека тој имал психички проблеми и дека бил интровертен и искомплексиран поради дебелината и успешниот брат. Според полицијата, Алексиќ претходно бил пријавуван за оружје.

Полицијата ги предупреди граѓаните дека Алексиќ е опасен и најверојатно вооружен, па ако налетаат на него, да не му се приближуваат.

ИЗДВОЕНИ