Утрешниот ден среда, 12 август во Македонија ќе ни биде најтопол и многу топлиот бран од Африка кој ја зафати Македонија ќе го достигне својот максимум. Температурите насекаде во Македонија ќе бидат над 33 степени, најави Славчо Попоски.
Во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе се искачат до 40 степени, а локално можно е тие да надминат 40 степени. Во Скопје и околината максималната температура на ден среда, 12 август ќе достигне до околу 38/39 степени.
Времето ќе биде сончево со попладневна мала до умерена облачност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
Поради многу топлото време, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности, апелира метеорологот.












