недела, август 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Успешна акција на струмичките пожарникари: Спасени се мајка и дете паднати...

Успешна акција на струмичките пожарникари: Спасени се мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“

20

Мајка и дете беа успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица.

Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен.

По пристигнувањето на местото на настанот, со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипите ги извлекле мајката и детето од непристапниот терен.

По успешното извлекување, тие веднаш биле предадени на екипа од Итната медицинска помош за преглед и понатамошно згрижување.

„Благодарение на брзата, професионална и координирана интервенција, спасувачката акција беше успешно завршена“, соопштија од ТППЕ Струмица.

По интервенцијата, од противпожарната единица упатија апел до сите граѓани кои ги користат трим-патеките и планинските патеки за зголемена претпазливост, особено во раните утрински и ноќните часови, кога движењето по стрмни делови носи ризик.

 

ИЗДВОЕНИ