Двократниот шампион во тешка категорија, Александар Усик (24-0, 15 КО), кој моментално ги држи титулите на ВБЦ,ВБА и ИБФ, сака неговата последна борба да биде трилогија со Британецот Тајсон Фјури (34-2-1, 24 КО), кого го победи двапати на поени во 2024 година.
Тајсон вели дека е уверен оти може да ја добие трилогијата, но се сомнева дека ќе победи со одлука ако борбата повторно оди до крај.
„Би ја добил третата борба“, му рече Фјури на Гарет Дејвис. „Но, работата е во тоа што знам дека ако оди до крај, нема да ми ја дадат на одлука. За мене, тоа е како само да му ја дадам борбата пред да влеземе во рингот. Дајте му ја победата, а мене поразот“.
Исто како и претходно, Тајсон е уверен дека го надминал Усик и во првата и во втората борба. „Но, знаете што? Тоа е повторно нечие мислење“, филозофски забележа Британецот.












