
Серхат Пекмезчи, фудбалскиот ментор на Арда Ѓулер, упати обвинувања против Реал (М) во интервју за турските медиуми, тврдејќи дека младиот турски фудбалер е малтретиран од неговите соиграчи. Пекмезчи, човекот одговорен за развојот на Ѓулер во Фенербахче, додаде дека очекувал ова да се случи.
„Иако Реал (М) е мега клуб, Арда Ѓулер е малтретиран. Тој не ми се пожали, но знаев дека тоа ќе се случи. Му реков да биде трпелив. Навредата дојде од играчите. Таму има група која не можеше да го прифати Арда. За жал, ова се играчи со многу високо его. Тој е многу трпелив, но почна да се бунтува“, рече тренерот кој работеше со Ѓулер во неговите рани години.
Менторот на Гулер тврди дека токсичноста во соблекувалната на Реал (М) го спречила доаѓањето на Јирген Клоп и го забрзала заминувањето на Чаби Алонсо: „Клоп веќе кажа дека некои играчи морале да си заминат за да дојде тој. Затоа си замина Чаби Алонсо.“
Гулер пристигна во Реал (М) во летото 2024 година, во трансфер официјално вреден 20 милиони евра. Тој веднаш беше идентификуван како играч кој ќе игра голема улога во иднина, како плејмејкер кој ќе го наследи Лука Модриќ, тогашниот плејмејкер на Реал.
Турчинот одигра 35 натпревари за мадридскиот тим оваа сезона, постигнувајќи три гола и асистирајќи за 12. Неговиот вкупен ефект за Реал (М) е 12 гола и 23 асистенции на 96 одиграни натпревари.











