четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Иранците оштетија пет американски танкери со ракета, погодија воена база

Иранците оштетија пет американски танкери со ракета, погодија воена база

330
epa12816620 People inspect the site of a rocket strike in Zarzir, Israel, 13 March 2026. According to Magen David Adom (MDA) teams and paramedics, at least 58 people were treated and taken to hospitals in northern Israel, including one in moderate condition and 57 in very mild condition. EPA/ATEF SAFADI

Иранските ракети ја погодија американската воздухопловна база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија и оштетија пет американски воени танкери за полнење гориво во воздух, објави „Волстрит џурнал“.

Според весникот, танкерите стационирани во базата биле оштетени во ирански ракетен напад. Ниеден авион не бил целосно уништен, а поправките се во тек. Нема жртви или повредени во нападот.

Од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран на 28-ми минатиот месец, најмалку седум американски танкери за полнење гориво биле оштетени или уништени.

Еден ден претходно се случи и несреќата на американските воздухопловни сили во Ирак. Два танкери KC-135 се судрија во воздух, по што еден се урна во западниот дел на земјата.

Сите шест члена на екипажот загинаа во несреќата. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека сè уште ја истражува причината за несреќата и дека не станува збор за непријателски напад или пријателски оган.

Со ова, бројот на убиени американски војници од почетокот на војната се искачи на 13.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран трае веќе две недели, а борбите се проширија и во други делови од Блискиот Исток.

Израел ги засили нападите врз цели поврзани со Хезболах во Либан во последните денови, додека Иран возврати со ракетни и беспилотни летала врз израелски и американски воени цели во регионот.

ИЗДВОЕНИ