EPA/ANDREJ CUKIC

Австрискиот пикер Тобијас Вагнер повеќе не е ракометар на Партизан. По финансискиот колапс на српскиот шампион, австрискиот репрезентативец го раскина договорот со клубот од Хумска, објавија „црно-белите“.

„Тобијас Вагнер повеќе не е ракометар на Партизан. Австриецот меѓусебно ја раскина соработката со „Црно-белите“ и ќе ја продолжи кариерата во друг клуб. Тоби беше еден од најдобрите стрелци на тимот и клубот сака да ја искористи оваа можност да му се заблагодари за неговата посветеност, заложба и голем придонес на теренот. Некогаш член на Партизан, секогаш дел од „црно-белото семејство“, објави РК Партизан.

Вагнер остави одличен впечаток офанзивно во Партизан, заедно со Жоао Лумбросо беше главната алка на тренерот Раул Гонзалес.

По бродоломството на Партизан, тренерот Гонзалес, голманот Бекир Чордалија, кој би можел да се врати во Босна и Херцеговина, Сергеј Иванов (Мешков Брест), Милош Кос (Веклар) и Никола Црноглавац (АЕК) официјално ги раскинаа договорите со клубот.

ИЗДВОЕНИ