Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата за вршење финансиски лизинг на компанијата Алта лизинг, со што се отвора патот за започнување постапка за нејзина ликвидација. Одлуката била донесена на седницата на Извршниот одбор на централната банка од каде информираа дека мерката е последица на одземањето на дозволата за работа на Алта банка, која е единствен сопственик на Алта лизинг, а сега се наоѓа во стечај.

Според централната банка, сопственикот повеќе не ги исполнува законските услови за финансиска состојба и деловна репутација. Со одземањето на лиценцата, компанијата повеќе нема да може да склучува нови договори за финансиски лизинг. Сепак, постојните договори остануваат во сила, а клиентите кои отплаќаат автомобили и понатаму ќе мора да ги плаќаат ратите, но уплатите отсега ќе ги вршат на нова сметка во АИК банка. Од Народната банка на Србија нагласија дека оваа одлука нема да влијае врз стабилноста на финансискиот систем во Србија.

ИЗДВОЕНИ