EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

По шокантниот трејд меѓу Далас и Лејкерс, на повидок е уште еден сензационален трејд во НБА. Познатиот НБА инсајдер, известувачот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, открива дека е договорен трејд со три тима, во кој Дирон Фокс ќе го напушти Сакраменто и ќе се пресели во Сан Антонио Спарс, додека суперѕвездата на Булс, Зак ЛаВин ќе се пресели од Чикаго во Сакраменто. Покрај Фокс, Спарси ќе го добијат и Џордан Меклафлин од Сакраменто.

„Кралевите“ го добиваат ЛаВин, потоа играчот на Спарси, Сиди Сисоко, три пика од првата рунда (пик на Шарлот во 2025 година, на Сан Антонио во 2027 година и на Минесота во 2031 година) и три пика во втората рунда (пик на Чикаго во 2025 година, на Денвер во 2028 година и на Чикаго од 2028 година).

Булси добиваат пик од првата рунда на драфтот во 2025 година од Спарс и двајца играчи – Зек Колинс и Треј Џонс, како и Кевин Уертер од Сакраменто.

ИЗДВОЕНИ