петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Урната дивоградба во Ќерамидница

Урната дивоградба во Ќерамидница

5084

Секторот за инспекциски работи на Општина Гази Баба, утринава, спроведе акција за уривање дивоградба во Ќерамидница, изградена на државно земјиште.

Целта, како што објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, е заштита на јавниот интерес и воспоставување ред во просторот, но и спречување понатамошни злоупотреби и узурпација на државно земјиште.

Тој наведе дека, изминатиот период, општината реализирала повеќе активности за отстранување бесправно изградени објекти во различни населени места, со што, како што вели, се испраќа јасен сигнал дека правилата важат подеднакво за сите.

– Овие активности не се еднократни, туку дел од континуирана стратегија за воспоставување урбан ред, заштита на јавните површини и обезбедување безбедна и планска изградба. Законот мора да се почитува и од тоа нема отстапка. Само преку доследна примена на прописите можеме да изградиме праведно и уредено општество. Без разлика на етничка, верска или каква било друга припадност – Законот важи за сите и ќе се применува неселективно и доследно – дециден е Стефковски.

Тој апелираше до граѓаните да не започнуваат градежни активности без добиено одобрение за градење, бидејќи секоја бесправна градба ќе биде санкционирана согласно со Законот.

 

ИЗДВОЕНИ