Започнувајќи од денеска, па сè до исцрпување на средствата, Општината Карпош стартува со активноста субвенционирање на кастрација и стерилизација на бездомни мачки и мачори.
За таа цел, Здружението за заштита на животните „Амос Скопје”, во соработка со ветеринарните амбуланти „Д-р Јасминка ван вер Флиер ДООЕЛ” и „Пет Виталити ДОО”, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни мачки, а предвидено е оваа акција да опфати околу 250 мачки.
Сите заинтересирани граѓани кои се грижат за бездомните мачки, можат да добијат повеќе информации на фејсбук-страницата на Здружението АМОС на следниот линк: https://www.facebook.com/share/1CH7g8EDMq/ или можат директно да се обратат во ветеринарните амбуланти: Д-р Јасминка ван вер Флиер ДООЕЛ – булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, број 149-12 (контакт телефон: 078 372 003) и Пет Виталити ДОО – булевар „Партизански одреди 2“, број 8-1 (контакт телефон: 02 5400 040).












