
Бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Винисиус Жуниор, не крие дека сака да ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“ но има едно специјално барање до раководните лица. Крилниот напаѓач сака според новиот договор да има за 30% поголема плата од францускиот интернационалец Килијан Мбапе кој годишно заработува околу 15 мил. евра.