Вишиот суд во Нови Сад денес им го укина притворот на обвинетите кои нападнаа студенти во блокадата во Нови Сад во ноќта меѓу 27 и 28 јануари, кои лепеа налепници со протестни пораки пред просториите на партијата СНС.
Притворот им е укинат на Стефан Којовиќ, Никола Благојевиќ и Данило Раичевиќ, додека притворот на обвинетиот Немања Деспотовиќ е заменет со мерка забрана за напуштање на станот со употреба на електронски надзор, односно куќен притвор, соопшти судот.
При донесувањето на одлуката, судот зел предвид дека тие се во притвор повеќе од четири месеци поради кривични дела за кои се води скратена постапка.