понеделник, јули 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА УЈП со нов модел за е-фактурирање, компаниите ќе преминат на дигитален систем

УЈП со нов модел за е-фактурирање, компаниите ќе преминат на дигитален систем

63

Управата за јавни приходи (УЈП) објави нов модел за е-фактурирање, со кој компаниите ќе преминат од хартиени кон електронски фактури и дигитална размена на документација.

Според прикажаниот концепт, системот ќе функционира преку централизирана државна платформа на УЈП, која ќе овозможи директна комуникација меѓу компаниите и институцијата во реално време.

Е-фактурирањето ќе опфати размена на фактури, испратници, повратници, авансни фактури и друга придружна документација. Од УЈП посочуваат дека системот е усогласен со принципите на „Tax Administration 3.0“ на ОЕЦД и е дел од процесот на дигитализација на административните и деловните процеси.

Во објавениот материјал се наведува дека системот треба да обезбеди побезбедна размена на документи, работа во реално време, интероперабилност, усогласеност со регулативите и поголема транспарентност.

Со воведувањето на моделот, процесот на издавање, испраќање и архивирање документи ќе се одвива електронски, преку државната платформа на УЈП наместо преку досегашниот хартиен систем.

– Е-фактурирањето станува доверлива инфраструктура на дигиталната економија – се наведува во материјалот објавен од УЈП.

ИЗДВОЕНИ