понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Претседателката побара да се собираат докази и да се почитува презумпцијата на...

Претседателката побара да се собираат докази и да се почитува презумпцијата на невиност за шпионската афера

193

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека не сака да ја коментира квалификацијата „шпионска афера“ за случајот што се истражува во нејзиниот кабинет, апелирајќи да се почитува презумпцијата на невиност и законските процедури додека трае предистражната постапка. Во изјава за МИА, Сиљановска-Давкова рече дека во оваа фаза „малку се зборува, а многу се работи“, посочувајќи дека најважно е институциите да собираат информации и докази, наместо случајот да се коментира во јавноста.

„Квалификацијата шпионска афера и слично навистина не сакам да ја коментирам. Кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка, кој велеше дека во предистражна постапка малку се зборува, а многу се работи, односно се собираат информации“, изјави претседателката.

Таа додаде дека ги почитува институциите и поделбата на власта, но призна дека е „малку збунета“ од јавните соопштенија на Обвинителството за организиран криминал во кои се објаснува комуникацијата со МВР.

„Не бегам од изјави, меѓутоа мислам дека треба да се почитуваат одредбите од ЗКП – и во поглед на презумпцијата на невиност, но и во поглед на собирањето податоци и евентуалното отворање кривична постапка“, рече Сиљановска-Давкова.

Нејзината реакција доаѓа откако ОЈО ГОКК потврди дека уште во декември минатата година отворило предистражна постапка по добиени информации од МВР за можни недозволени активности од висок државен интерес во Кабинетот на претседателката.

ИЗДВОЕНИ