Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Каин Веласкез (43),  проговори јавно за прв пат откако беше ослободен од затвор во февруари. Во видео порака објавена на Инстаграм, тој им се заблагодари на сите за нивната поддршка за време на неговото судење и времето поминато во затвор.

Инаку, Веласкез беше осуден на пет години затвор во март 2025 година, но беше ослободен по 11 месеци бидејќи му беа припишани 1.283 дена поминати во притвор.

ММА заедницата го поддржуваше Веласкез во текот на целиот процес, а 43-годишниот борец сега им се заблагодари во својата прва изјава откако се врати дома.

  • Поминаа неколку недели откако бев ослободен и имав време полека да се вратам во ритамот на работите, да се вратам во нормалниот живот, да се навикнам на секојдневните работи, да бидам дома со моето семејство и достапен за моите деца. Сакам да им се заблагодарам на сите за љубовта и поддршката. Вашите охрабрувачки зборови отсекогаш ми даваа сила. Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите за нивната континуирана поддршка. Немате поим колку вашите зборови, охрабрување и љубов значеа за мене, за моето семејство и за мене. Едноставно, ви благодарам. Ќе продолжам да се обидувам да ви се оддолжам. Во моментов, најважно за мене е целосно да се вратам во животот. Не сакав да се преоптоварувам со новото темпо по она на што бев навикнат. Одеднаш имам нов начин и ритам на живот и едноставно морав да се навикнам на тоа. Токму тоа го правам. Уште еднаш, ви благодарам на сите. Убаво е да се биде надвор, истакна Веласкез.

Веласкез беше уапсен на 28 февруари 2022 година, под обвинение за учество во брканица со автомобили и пукање во возило во кое се наоѓал 46-годишниот Хари Гуларте, човек кого Веласкез го обвини за злоупотреба на неговиот син во градинка која е во сопственост на мајката на Гуларте.

Веласкез го следел Гуларте и неговиот автомобил, а во автомобилот бил и неговиот очув. Тој отворил оган врз нив на раскрсница во Морган Хил, Калифорнија. Кога се обиделе да избегаат, тој се удрил во нивното возило и испукал уште неколку куршуми, погодувајќи го возачот, очувот на Гуларте, во раката и десниот колк. Неколку минути потоа, полицијата го запрела Веласкез и го уапсила.

Каин Веласкез е еден од најголемите борци во тешка категорија во историјата. Тој беше двократен шампион на УФЦ, но повредите му ја попречија кариерата. Се пензионираше во 2019 година со резултат од 14-3.

ИЗДВОЕНИ