четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Училиштето „Лазо Трповски“ ја доби првата награда за најубав екодвор

Училиштето „Лазо Трповски“ ја доби првата награда за најубав екодвор

1

Основното училиште „Лазо Трповски“ ја доби првата награда за најубав училиштен екодвор на натпревар меѓу општинските основни училишта кој по шести пат се реализираше во рамки на Програмата за образование на Општина Карпош.Како награда, училиштето доби 70.000 денари.

Второто место и наградата од 50.000 денари ја поделија ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“, додека третата награда од 30.000 денари им припадна на учениците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“

Од Општина Карпош нагласуваат дека и понатаму ќе вложуваат во активности кои ги поттикнуваат еколошката свест и создавањето на подобри услови за учење и развој на учениците.

 

ИЗДВОЕНИ