четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен скопјанец кој измамил жена од Прилеп со лажна сообраќајка

Уапсен скопјанец кој измамил жена од Прилеп со лажна сообраќајка

76

Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, со лажна приказна за сообраќајна несреќа. Осомничениот  измамил жена од Прилеп за вкупно 2.000 евра и 1.000 долари.

Од Министерство за внатрешни работи информираа дека ОВР Прилеп поднел кривична пријава против М.А. (46) поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Според полицијата, на 4 ноември 2025 година осомничениот ѝ се јавил на жената и лажно се претставил како инспектор во странство. Тој ѝ соопштил дека нејзините внуци наводно предизвикале сообраќајна несреќа во која починало дете и побарал пари за, како што рекол, да „издејствува“ внукот да не заврши во затвор.

Жената, доведена во заблуда, ги оставила парите на договорено место.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот бил лишен од слобода, а по наредба на надлежен судија му е одреден притвор.

ИЗДВОЕНИ