четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Тргнува првиот топлотен бран во 2026 година? Екстремната топлина се заканува да...

Тргнува првиот топлотен бран во 2026 година? Екстремната топлина се заканува да ги „коси луѓето“

5810

Иако летото сè уште изгледа далеку, првите топлотни бранови во 2026 година веќе ја погодуваат Индија, со температури над 40°C. Од другата страна на светот, Лос Анџелес се подготвува за рекордни топлотни бранови од над 35°C, додека Јужна Африка исто така доживува невообичаено високи температури.

Нова глобална студија од научници од Државниот универзитет во Аризона, Универзитетот во Сиднеј и The Nature Conservancy открива дека климатските промени го дуплираат бројот на часови годишно кога луѓето ширум светот не се во можност да вршат дури ни едноставни физички активности.

Климатските промени и секојдневниот живот

Истражувачите користеле моделирање кое ги зема предвид температурата, влажноста и способноста на човечкото тело да ја регулира телесната температура. Резултатите покажуваат дека помладите луѓе (на возраст од 18 до 40 години) сега се соочуваат со двојно повеќе часови ограничена активност годишно отколку порано, додека оние на возраст од 65 години и повеќе страдаат од околу 900 часа годишно кога активностите на отворено се ризични.

– Ова значи дека дури и здравите млади луѓе имаат тешкотии да се качуваат по скали или да извршуваат други секојдневни задачи во екстремна топлина – објаснува Џенифер Ванос, коавторка на студијата.

Од 1950-тите, бројот на опасни часови се зголеми од просек од 25 на околу 50 часа годишно. Во тропските региони, постарите граѓани се соочуваат со ограничувања до една третина од годината, додека екстремната топлина сега им се заканува на повеќе од 43% од помладата и речиси 80% од постарата популација на глобално ниво.

Иднина под се повисоки температури

Како што глобалните температури продолжуваат да растат и населението старее, сè поголем број луѓе ќе се соочат со периоди кога секојдневните активности се небезбедни. Авторите на студијата нагласуваат дека зголемувањето од само 1°C веќе довело до овие сериозни ограничувања и повикуваат на итно намалување на емисиите на стакленички гасови.

– Нашето истражување покажува дека е време сериозно да се сфатат климатските промени и нивните последици врз секојдневниот живот на луѓето ширум светот – велат научниците.

ИЗДВОЕНИ