Портпаролот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ебрахим Золфагари, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп во порака на англиски јазик, осврнувајќи се на неговите објави на социјалните мрежи.
„Исходот од војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму вие и вашите сили не се осмелувате ниту да се приближите, а за тоа можете да зборувате само во вашите твитови“, рече Золфагари. Подобро би било оваа војна да се нарече „Епски страв“ отколку „Епски бес“, додаде тој.
Иранската револуционерна гарда е елитна гранка на иранските вооружени сили, основана по Исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура покрај редовната армија.
Нејзината првична мисија беше да ја заштити револуционерната влада и политичкото раководство, но со текот на времето прерасна во организација што многу аналитичари ја опишуваат како еден вид „длабока држава“. Покрај силното влијание во безбедносниот апарат, таа изгради и голема бизнис империја.
Командантот на Револуционерната гарда директно му известува на врховниот лидер на Иран. ИРГК има длабоко влијание врз домашната политика и економијата, со интереси што се протегаат на градежниот сектор, телекомуникациите, автомобилската индустрија и енергетиката.
Една од нејзините подединици, Басиџ, учествуваше во задушувањето на антивладините протести во 2009 година и помогна во консолидирањето на моќта на тогашниот тврдокорен претседател Махмуд Ахмадинеџад.












