Уапсен македонски возач на камион по сообраќајката во Грција во која загинаа татко и син

190
Фото: screenshot GR TIMES

На стариот магистрален пат Солун-Верија, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа кога автомобил се судрил со камион, при што загинале татко и неговиот малолетен син.

Несреќата се случила околу 16 часот, кога патничкото возило со четиричленото семејство се судрило, под сè уште нејасни околности, со камион, на делницата помеѓу Халкидони и Лудија.

Како што пишува Прототема.гр во автомобилот биле и сопруга на возачот и нивниот 9-годишен син, кои се повредени се пренесени во болница во Солун.

Возачот на камионот не е повреден во несреќата. Станува збор за 34-годишен маж по потекло од Македонија, кој е уапсен по несреќата.

Грчката полиција го истражува случајот, а причините за трагичната несреќа сè уште се утврдуваат.

ИЗДВОЕНИ