
Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто на европското вино, шампањ и жестоки пијалаци ако Европската унија не се откажае од најавените царини на американското виски од 50 отсто.
„Ако оваа царина не се тргне веднаш, САД наскоро ќе воведат царини од 200 отсто на сите вина, шампањи и алкохолни пијалаци кои доаѓаат од Франција и други земји од Еу. Тоа ќе биде одлично за бизнисите со вино и шампањ во САД, наведе Трамп во објва на социјалните мрежи.
Трамп ја опиша ЕУ како „една од властите на светот со најмногу непријателски даночни и царински политика, чија единствена цел е да се оствари корист на штета на САД“, пренесува Асошиејтед прес“.
Царината на ЕУ од 50 отсто на американското виски, која преставува одговор на американските царини на челикот и алуминиумот, би требало да стапи на сила на 1 април.