Полицијата во Прага уапси еден од демонстрантите кој се обиде да влезе во Долниот дом на парламентот во ноќта помеѓу петокот и саботата за да ги спречи пратениците да усвојат измени на законот за медиуми, објави агенцијата CTK, повикувајќи се на портпаролката на градската полиција Ева Кропачова.
– Еден од демонстрантите кој се обиде да влезе во Долниот дом на парламентот во ноќта помеѓу петокот и саботата за да ја спречи дебатата за измени на законот за медиуми, се обиде да фрла камења, или парчиња плочки од тротоарот, кон вратите и прозорците на Претставничкиот дом, но полицијата го приведе. Другите учесници на протестот се однесуваа повоздржано, па полицијата се ограничи на вербални предупредувања – се вели во соопштението.












