Во Општина Чаир беа доделени 13 решенија за трајно вработување на 13 наставници, кои претходно беа ангажирани со договор на дело.
Во салата на општината, во присуство на наставници, директори и корисници, активноста се реализираше со присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одразувајќи го институционалниот ангажман за создавање постабилни услови во секторот на образованието.
–Oбразованието останува континуиран приоритет за Општина Чаир. Со овие решенија обезбедуваме стабилност за наставниот кадар и градиме поодржлив систем, во функција на квалитетот на образованието и иднината на младите генерации – истакна Меџити.
Тој додаде дека фокусот останува на создавање сигурни работни места и градење функционални институции, во служба на граѓаните.












