среда, ноември 4, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици во Гази Баба

Бесплатен офталмолошки скрининг за сите ученици во Гази Баба

1

Општина Гази Баба започна со реализација на уште еден исклучително важен проект – бесплатен и сеопфатен офталмолошки скрининг за сите ученици во основните општински училишта на нејзината територија.

Скринингот денеска се спроведуваше во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, а во наредните денови ќе продолжи и во сите останати општински основни училишта.

– Навременото откривање на проблемите со видот кај децата е од огромно значење за нивниот правилен развој, учењето, концентрацијата и секојдневното функционирање. Многу проблеми со видот можат да останат незабележани, а раната превенција и навремената реакција можат да направат огромна разлика во животот на едно дете – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ