Првонаградената претстава „Силјан Штркот“ од ООУ „Кочо Рацин“, изведена по повод Светскиот ден на театарот, ја воодушеви публиката со својата енергија, талентот и со искрените емоции.
Од Општина Центар информираа дека покрај нив, второ и трето место освоија ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Киро Глигоров“, а наградата за најдобра машка улога му припадна на Борис Павлов од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
– Проектот на Општина Центар „Театарот, уметност на емоции“ ја исполни својата цел, да сплотува, инспирира и гради самодоверба кај младите – истакнаа од локалната самоуправа, честитајќи им на учениците и наставниците за трудот, посветеноста и љубовта кон театарската уметност.












