среда, октомври 7, 2026
Дома СКОПСКА Трибина за менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничкото насилство во Кисела Вода

Трибина за менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничкото насилство во Кисела Вода

12

Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво ги покануваат сите родители, деца, наставници и стручни вработени во училиштата на трибина посветена на менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничко насилство.

Настанот ќе се одржи утре со почеток во 18:00 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, под мотото „Слушни, препознај, поддржи“.

На трибината ќе зборуваат: Дора Попова Узуновски, психолог, психотерапевт, кариерен советник и асистент на МИТ универзитетот, Мито Тасевски, психолог и психотерапевт кој работи како училиштен психолог во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Сашо Андонов, советник во Советот на општина Кисела Вода и наставник во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, како и Катерина Стојкова, главен инспектор за превенција по ЈРМ во Одделението за превенција при СВР Скопје. Ве очекуваме!

– Ве повикуваме заеднички да придонесеме за посреќни деца, безбедно општество и подобра иднина бидејќи навременото препознавање, разговорот и поддршката се важен дел од превенцијата – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ