четврток, ноември 19, 2026
Дома СВЕТ Три светски сили на иста маса – Во Шенжен започна историската средба...

Три светски сили на иста маса – Во Шенжен започна историската средба меѓу Путин, Трамп и Шји

0

Претседателите на Русија, Кина и САД – Владимир Путин, Шји Џинпинг и Доналд Трамп – започнаа историска трилатерална средба во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на АПЕК.

Путин, Џинпинг и Трамп водат разговори во резиденцијата на кинескиот претседател „Килин Шанџуанг“ (Qilin Shanzhuang), а настанот го следат голем број новинари и телевизиски екипи. Пред почетокот на средбата, тројцата лидери позираа за заедничка фотографија.

Трилатералната средба меѓу Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин привлекува значително внимание во светот, при што некои ја споредуваат со Јалтската конференција од 1945 година. Некои коментатори шпекулираат дека тројцата лидери би можеле да се договорат за поделба на сферите на влијание и да одлучуваат за судбината на помалите нации.

На оригиналната Јалтска конференција во февруари 1945 година, лидерите на САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз разговараа за повоеното уредување на Европа. Кинеските медиуми и експерти ги отфрлија споредбите на денешната средба со онаа во Јалта, нарекувајќи ги „застарено размислување од времето на Студената војна“.

Некои сметаат дека таков договор би бил во спротивност со меѓународниот поредок заснован на Обединетите нации, но и со заложбите на Кина за мултиполарен свет. Министерството за надворешни работи на Кина во неколку наврати одби да открие детали за планираните разговори. Тие само наведоа дека тројцата лидери „детално ќе разменат мислења за важни прашања што се однесуваат на светскиот мир“.

ИЗДВОЕНИ