Градот Кавадарци во текот на следните три месеци ќе биде епицентар на културниот и на забавниот живот во регионот. Од јуни до август, граѓаните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна, динамична и квалитетна програма, која ќе понуди содржини за сите вкусови и генерации.  Под мотото „Лето исполнето со сцена, звук и приказни што остануваат“, „Кавадаречко културно лето 2026“ година ќе донесе бројни настани и уметнички случувања, кои ќе го оживеат градот

 

Градот Кавадарци во текот на следните три месеци ќе биде епицентар на културниот и на забавниот живот во регионот. Од јуни до август, граѓаните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна, динамична и квалитетна програма, која ќе понуди содржини за сите вкусови и генерации.

Под мотото „Лето исполнето со сцена, звук и приказни што остануваат“, „Кавадаречко културно лето 2026“ година ќе донесе бројни настани и уметнички случувања, кои ќе го оживеат градот.

Локалните власти и организаторите најавуваат голема културна понуда со која Кавадарци се издвојува како сериозен културен центар во земјава. „Кавадаречко културно лето 2026“ ќе донесе три месеци исполнети со разновидна, динамична и квалитетна програма, која ќе понуди содржини за сите генерации и ќе ги задоволи барањата на најразличните профили посетители.

Ќе има театарски претстави на отворено и во културните објекти, како и филмски проекции под отворено небо, кои ќе понудат вистинско летно киноискуство под ѕвездите, настапи на музички бендови од земјава и од регионот, надополнети со големи вечерни концерти на познати изведувачи. Потоа, фолклорни средби и претставување на македонската традиција, но и изложби, перформанси и современи уметнички инсталации.

Освен тоа, ќе има и активности за децата, поточно детски креативни и едукативни работилници, но и атрактивни „стрит-баскет“ изведби, кои ќе се одржуваат на градските улици, со што ќе се спојат спортот и урбаната култура.

– Ова лето, Кавадарци нуди програма што се издвојува со својот квалитет и со силната културна понуда. Целта е да создадеме сцени и приказни што долго ќе се паметат – велат организаторите.

Настаните ќе се реализираат на повеќе локации во градот, на отворено и во рамките на локалните културни институции, овозможувајќи максимална достапност за сите заинтересирани граѓани.

Деталната агенда со точните термини и локации за секој настан поединечно ќе биде објавувана сукцесивно во текот на целото лето. Организаторите ги покануваат сите љубители на добрата забава и на културата да бидат дел од ова незаборавно лето во Кавадарци.

 

ИЗДВОЕНИ