четврток, ноември 12, 2026
Дома БАЛКАН Радев на ЕПЗ во Даблин: И овојпат ќе го покренам прашањето за...

Радев на ЕПЗ во Даблин: И овојпат ќе го покренам прашањето за Македонија со генералниот секретар на Советот на Европа

0
Фото:википедија

Бугарскиот премиер Румен Радев повторно упати критики кон македонските власти, обвинувајќи ги дека нема подобрување во односот кон бугарската заедница во земјава.

Проблемите на Бугарите во Македонија се продлабочуваат – вели бугарскиот премиер. Тој најави дека ова прашање повторно ќе го отвори пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

„Ќе имам средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Тоа е многу важна средба, бидејќи ние треба да помагаме и сите европски држави да придонесуваме Советот на Европа сè повеќе да се зацврстува како гарант на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, изјави Радев.

Тој најави дека и овојпат ќе го постави прашањето за положбата на бугарската заедница во Македонија, тврдејќи дека македонските власти не преземаат доволно чекори за подобрување на состојбата.

Изјавата на Радев доаѓа во услови на продолжени несогласувања меѓу Скопје и Софија околу прашањата за правата на бугарската заедница и обврските поврзани со европскиот интеграциски процес на Македонија.

Со најавената средба со Берсе, Радев повторно го пренесува прашањето за положбата на Бугарите во Македонија на меѓународно ниво, овојпат во рамките на Советот на Европа.

ИЗДВОЕНИ