Ужасна повреда на кошаркарот на Голден стејт, Мозес Муди (23), во НБА. На натпреварот против Далас, тој доживеа повреда поради која сигурно ќе ја заврши сезоната и, можеби, ќе му биде потребна операција. Сето тоа се случи без никаков контакт, што е уште позагрижувачко. Во моментот беше на забивање, но не успеа ниту да отскокне како што треба, бидејќи како да му излезе коленото и само се спушти на земја.

Имено, Муди ја „украде“ топката во последната минута од продолжението, тргна сам кон кошот и само чекаше да ја заврши акцијата. Сакаше да забие, скокна, а потоа само падна како покосен. Видеата покажуваат дека неговото колено откажало, што значи дека има сериозна повреда на лигаментите.

Сè веднаш запре, лекарите истрчаа на теренот и, за жал, мораше да биде изнесен на носилка. Ова е само потврда за тоа колку е сериозна ситуацијата.

Во наредните денови ситуацијата ќе биде многу појасна околу тежината на повредата, откако ќе се направат детални прегледи.

Ова е тежок удар за човекот што доби значајна минутажа по повредата на Стеф Кари. Голден стејт се бори за плејофот во НБА и ќе игра на плејин-турнирот, само прашање од кое место.

ИЗДВОЕНИ