понеделник, јуни 29, 2026
Дома СКОПСКА Транспортирани 200 кубни метри отпад во Скопје

Транспортирани 200 кубни метри отпад во Скопје

26

Во рамките на акцијата „Генералка викенд“, која се одржа на 8 мај, ЈП „Комунална хигиена“ транспортираше вкупно 200 кубни метри отпад на територијата на градот Скопје.

Од претпријатието наведуваат дека акцијата почнала на кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собирале најразлични видови непрописно фрлен отпад, од брегот и од пешачките патеки.

– Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини, каде што учесниците, на посебно одредени пунктови, претежно во близина на образовните институции – градинки и училишта, го фрлаа насобраниот отпад, кој, по завршувањето на акцијата, беше преземен и транспортиран од екипите на претпријатието – велат од „Комунална хигиена“.

Оттаму додаваат дека се подготвени за учество во сите иницијативи и активности што ќе придонесат за заштита на животната средина и на јавното здравје.

ИЗДВОЕНИ