Деновиве, жителите на Пештани приложиле фотографии до граѓанската иницијатива „Охрид SOS“  за очајната состојба во која се наоѓа хотелот „Десарет“, со цел, како што велат активистите, да се издејствува правно решавање на случајот по издадено решение без да се штитат поединци, а по реакција на жителите. Имено, жителите реагирале за покривот над салата за ручек, мензата, ресторанскиот дел, кој бил пред распаѓање и претстaвува потенцијална опасност за животите на гостите (кои често се деца).

Од „Охрид SOS“ велат дека е направен записник по извршениот инспекциски надзор на хотелот „Десарет“, уште на почетокот од октомври минатата година, но по издаденото решение да се санира покривот, сè уште не е постапено

 

Деновиве, жителите на Пештани приложиле фотографии до граѓанската иницијатива „Охрид СOС“  за очајната состојба во која се наоѓа хотелот „Десарет“, со цел, како што велат активистите, да се издејствува правно решавање на случајот по издадено решение без да се штитат поединци, а по реакција на жителите.

Имено, жителите реагирале за покривот над салата за ручек, мензата, ресторанскиот дел, кој бил пред распаѓање и претстaвува потенцијална опасност за животите на гостите (кои често се деца).

Од „Охрид СOС“ велат дека е направен записник по извршениот инспекциски надзор на хотелот „Десарет“, уште на почетокот од октомври минатата година, но по издаденото решение да се санира покривот, сè уште не е постапено.

-По пријавата до Општина Охрид, овластен градежен инспектор излегол на терен, направен е записник и во тој записник е дадено задолжение да се санира покривот до 30.4. 2026 година, т.е. до почетокот на сезоната и приемот на првите гости. Не е постапено по ова решение и револтот на жителите е што за првомајските празници хотелот бил исполнет. По дополнителната пријава, одговорот бил дека не можело да се најде изведувач и затоа не е саниран покривот. Во повторниот допис до Општината им било одговорено дека, всушност, покривот не бил многу оштетен, но не им одговориле зошто и по половина година не се постапило по решението издадено од надлежниот инспектор – објаснуваат од „Охрид СOС“.

Оттаму додаваат дека по ова следувала пријава до Државниот градежен инспекторат за несовесно работење на службеничката и за штитење интереси на сопствениците на хотелот.

Инаку, како што велат од „Охрид СOС“, хотелот е во сопственост на АД „Охридтурист“, но бил даден под закуп на  поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, Лазе Таневски.

Хотелот „Десарет“ е проектиран од охридскиот архитект Пантелеј Митков во 1973 година и претставува дел од современото архитектонско наследство на Охридскиот Регион, кое нема соодветна заштита и однос од државата и надлежните институции. Пред неколку години, уникатниот објект на ресторанот „Парк“, дело на уште еден познат и наградуван охридски архитект, беше демолиран прекуноќ, во текот на полициски час во услови на пандемија, иако претходно беше побарана од институциите негова привремена заштита.

ИЗДВОЕНИ