вторник, септември 8, 2026
Дома СВЕТ Трамп за потпретседател во наредниот мандат: Премногу е итро. Mожам, ама не...

Трамп за потпретседател во наредниот мандат: Премногу е итро. Mожам, ама не сакам!

101

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека ја исклучува можноста за кандидатура за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како на републиканскиот кандидат заобиколно би му се овозможил нов претседателски мандат.

„Би можел да го наравам тоа“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“. „Не би го направил тоа. Мислам дека е премногу итро. Да, би го исклучил затоа што е премногу итро. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Итро е. Не, не би било исправно“, рече тој.

Никој не може да биде избран за претседател трет пат, според 22-от амандман на Уставот на САД. Некои сугерираа дека ова може да се заобиколи со тоа што Трамп ќе се кандидира за потпретседател и ќе има друг кандидат за претседател.

Другиот кандидат потоа би дал оставка, дозволувајќи му на Трамп повторно да стане претседател. Критичарите ја доведоа во прашање легалноста на таков маневар.

ИЗДВОЕНИ