понеделник, август 3, 2026
Дома СВЕТ Трамп тврди дека преговорите со Иран се во тек: Ова е последна...

Трамп тврди дека преговорите со Иран се во тек: Ова е последна шанса за договор!

1
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека преговорите со Иран се уште се во тек, иако претходно пристигнаа информации дека се прекинати.

Според него, разговорите се водат на барање на Техеран и со поддршка на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и други земји.

Трамп нагласи дека Иран овој пат не негира дека постојат преговори, но не сака јавно да ги потврди. „Од некоја причина, додека разговараат, не сакаат јавно да кажат дека го прават тоа“, рече американскиот претседател.

Тој додаде дека ова е последна шанса Иран да постигне договор. „Ова е нивната последна шанса да потпишат добар договор. Преговорите ќе завршат брзо, на еден или друг начин. Не е премногу комплицирано“, рече Трамп.

Главна тема на разговорот е повторното отворање на Ормускиот теснец. Трамп рече дека се водат разговори за целосно отворање на овој стратешки премин, по што би следувале преговори за нуклеарните капацитети на Иран.

Во исто време, тој испрати остра порака до Техеран во врска со контролата на оваа важна поморска рута. „Нема да дозволам Иран да наплаќа за премин. Ако некој наплаќа, тоа ќе бидеме ние. Ние имаме целосна контрола“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ