Здравствените власти на Халкидики издадоа предупредување до жителите и туристите во градот Сивири, на полуостровот Касандра, откако беше откриена микробиолошка контаминација во примерок од вода од јавниот водовод, што може да претставува ризик по здравјето.
До објавување на нови лабораториски резултати, водата од водоводната мрежа не смее да се користи за пиење, готвење, подготовка на храна или миење заби.
На граѓаните и туристите им се препорачува да користат флаширана вода или вода што претходно е доволно зовриена.
Општина Касандра објави дека во тек се дезинфекција и дополнително хлорирање на водоводната мрежа, како и ново земање примероци од вода за да се утврди причината за контаминацијата и да се потврди дека водата е повторно безбедна за консумирање.
Ново известување ќе биде издадено штом надлежните органи потврдат дека квалитетот на водата се вратил на пропишаните граници, пренесе „Грција Инфо“.












