понеделник, ноември 2, 2026
Дома СВЕТ На 17 години станала пилот: Младата Наталија управувала со авионот што се...

На 17 години станала пилот: Младата Наталија управувала со авионот што се урна на Флорида, аудиоснимка ги открива последните моменти на борба да ја задржи контролата/ФОТО

668

Наталија Гадела (20) управувала со приватниот авион „Лирџет 90“ што се урна во близина на Вест Палм Бич, Флорида, во неделата.

Сите девет лица во авионот загинаа во несреќата, а последните моменти од летот беа забележани во драматична комуникација со контролата на воздушниот сообраќај.

Според „Њујорк пост“, членовите на семејството на младата Наталија потврдиле дека таа била пилот на авионот во времето на трагедијата. Идентитетите на другите жртви сè уште не се официјално објавени, а причината за несреќата е под истрага.

Снимката од разговорот помеѓу екипажот и контролата на летање открива колку брзо се влошила ситуацијата. Во еден момент, можело да се чуе како еден маж ја рецитира молитвата „Оче наш“ од пилотската кабина, додека Наталија Гадела се обидувала да ја задржи контролата врз авионот.

Таа пријавила во контролата на летање дека авионот се навалил за дури 60 степени, што предизвикало да лета речиси настрана. Контролорот се обидел да ја смири и да ѝ помогне да го стабилизира авионот.

„Седум два два браво делта, паѓајќи на 8.000 стапки… Мејдеј, мејдеј… паѓајќи со 10.000 стапки во минута“, може да се слушне снимката од комуникацијата.

Само неколку моменти подоцна, ситуацијата станала уште посериозна. Наталија прогласила вонредна состојба и предупредила дека авионот се движи пребрзо.

„Прогласувам вонредна состојба, летаме пребрзо“, изјави таа пред контролата на воздушниот сообраќај.

Според објавените снимки, брзината на спуштање потоа достигнала дури 20.000 стапки во минута, или повеќе од 100 метри во секунда.

Во последните моменти, Гадела предупредила ќе удри во земја, а нејзината последна порака била дека повеќе немаат време. Кратко потоа, авионот се урнал.

Наталија Гадела пораснала во округот Палм Бич, а нејзината љубов кон авијацијата се развила како тинејџерка. Таа ја добила својата пилотска дозвола во 2023 година, кога имала само 17 години.

Во интервју за CBS12 во тоа време, таа зборуваше за својата страст кон летањето и се пошегува дека сака да се фали дека знае да лета со авион кога некој ќе ѝ каже дека не знае да вози автомобил.

Нејзиниот татко, Алан, исто така има пилотска дозвола, додека нејзината мајка често споделувала фотографии од семејни патувања со приватни авиони на социјалните мрежи.

Авионот што се урна полетал од Остин, Тексас, кон Бахамите кога се случила трагедијата. Според достапните информации, контролорите на летање претходно му одобриле на екипажот да го промени курсот поради дождот на југоистокот и предупредиле на можноста за турбуленции.

Силата на ударот била толку голема што на местото на несреќата бил создаден кратер, додека делови од авионот биле расфрлани по патот. Истрагата ја спроведуваат Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).

ИЗДВОЕНИ