четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Со одлуката за напад на Иран, спречив Трета светска војна

Трамп: Со одлуката за напад на Иран, спречив Трета светска војна

197
Фото:притнскрин, видео

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати на јавноста од Овалната соба и, откако коментираше за домашната политика, одговори на прашањата на новинарите за теми од надворешната политика. Во својот говор, тој зборуваше главно за Иран, тврдејќи дека спречил нуклеарна војна, а се осврна и на односите со сојузниците на НАТО и со Кина и Јапонија.

 

На почетокот од разговорот со новинарите, Трамп нагласи дека не сака да влегува во воени конфликти. „Не сакам војна“, рече тој, но веднаш се осврна на Иран. „Тие се насилни, зли луѓе. Да имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа“, додаде тој.

„Луѓето кои веруваат дека Иран треба да има нуклеарно оружје се глупави луѓе. Тие би го користеле и би го дигнале во воздух целиот Блиски Исток, не само Израел. Тоа можеше да се види кога одеднаш почнаа да испраќаат ракети во радиус од илјада милји. Ги дигнаа во воздух луѓето што ги водеа нивните финансии“, заклучи Трамп.

На прашањето на новинарите дали војната може да заврши оваа недела, тој кратко одговори: „Наскоро ќе заврши“.

„Јас спречив Трета светска војна“

Американскиот претседател го изложи својот став за политиката кон Иран, тврдејќи дека неговите постапки спречиле глобален конфликт. „Доколку не дејствувавме против Иран, ќе имаше нуклеарна војна. Ќе имаше Трета светска војна. Ако верувате дека Иран не треба да има нуклеарно оружје, тогаш сигурно ви се допаѓа она што го направив“, рече Трамп, пренесе

„Тие немаат оружје, немаат лидерство. Мојот најголем проблем е што не знам со кого да разговарам“, рече тој, додавајќи дека е „многу горд“ на она што го направила неговата администрација. „Доколку му дадете на Иран нуклеарно оружје, барем многу значаен дел од светот ќе биде уништен“.

Трамп, исто така, рече дека неговата одлука да го напушти нуклеарниот договор е клучна за безбедноста на Израел. „Да не го раскинев нуклеарниот договор на Барак Хусеин Обама со Иран, денес немаше да има Израел“, рече тој.

„Некои земји ме разочараа“

Трамп, исто така, изрази незадоволство од однесувањето на некои сојузници на САД. „Некои земји ме разочараа. Кина и Јапонија не треба да ни се заблагодаруваат, тие треба да ни помагаат“, рече тој.

Тој конкретно се осврна на НАТО.

Проблемот со НАТО е што ние секогаш ќе бидеме со нив, но тие нема да бидат со нас. Откако го уништивме Иран, Обединетото Кралство рече дека ќе испрати два носачи на авиони, а јас им реков дека не ни се потребни откако веќе победивме. Ние ги браниме сите овие земји. И долго време велам дека потрошивме трилиони долари бранејќи ги, а тие не се таму за нас“, додаде тој, пренесе „Индекс“.

ИЗДВОЕНИ