четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп сака да го отвори Ормутскиот теснец, но „таа задача нема да...

Трамп сака да го отвори Ормутскиот теснец, но „таа задача нема да биде лесна“

164
EPA/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го отвори повторно Ормутскиот теснец, клучен пат за снабдувањето со енергија во светот што беше затворен од Иран, но таа задача воопшто нема да биде лесна, пишува „Волстрит џурнал“.

Трамп и министерот за одбрана, Пит Хегсет, постојано објавуваат дека американската морнарица ќе ги придружува танкерите и другите бродови низ теснецот, а претседателот изјави во четврток дека операциите ќе започнат „многу наскоро“.

Во серија објави на социјалните мрежи оваа сабота, тој ги повика другите земји да се приклучат на напорите.

И покрај ова, САД досега се воздржаа од испраќање воени бродови во теснецот, широк само 34 километри во неговата најтесна точка, поради предупредувањата од морнаричките офицери дека иранските беспилотни летала и противбродските ракети би можеле да ја претворат областа во „зона на смртта“ за американските морнари.

Администрацијата изјави дека сите опции се на маса, вклучително и употребата на копнени сили, а во петокот Трамп нареди испраќање на Морски експедициски сили, кои обично брои 2.200 маринци заедно со воени бродови и напаѓачки авиони, на Блискиот Исток.

ИЗДВОЕНИ