петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп: САД ќе се борат против Кина на многу пријателски начин

Трамп: САД ќе се борат против Кина на многу пријателски начин

101

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го пофали новиот трговски договор потпишан со Индонезија и рече дека САД ќе се борат против Кина „на многу пријателски начин“.

Трамп, зборувајќи на енергетскиот самит на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, рече дека постои можност за постигнување други трговски договори, потенцијално со Индија, пренесува Ројтерс.

Претходно денес, Трамп изјави дека постигнал договор со кој ќе се отвори целиот индонезиски пазар за САД, додека Индонезија се обврза на царини од 19% и купување на американска енергија, земјоделски производи и 50 авиони „Боинг“.

ИЗДВОЕНИ