среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ Трамп размислува да откаже серија концерти за прославата на 250 години независност...

Трамп размислува да откаже серија концерти за прославата на 250 години независност на САД

185
Фото: EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека размислува да откаже серија концерти за да ја прослави 250-годишнината од независноста на САД откако неколку уметници се откажаа од настапи.

Наместо концерти, Трамп објави дека планира да одржи говор на посебен собир бидејќи, како што оцени, тој е „атракција број еден насекаде во светот и човек кој добива многу поголема публика од Елвис во својот најдобар период, а тоа го прави без гитара“, пренесува „Ројтерс“.

Брет Мајклс, фронтменот на рок-групата „Поисон“ во петокот објави дека нема да настапува на концертите „Слобода 250“, кои треба да се одржат од 25 јуни до 10 јули на Националниот мол, отворен простор што се протега како голем, отворен парк во срцето на американската престолнина помеѓу Споменикот на Линколн и зградата на Капитол.

Мајлс со тоа стана петтиот уметник што го откажа својот настап на серија концерти во Вашингтон, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ