вторник, септември 29, 2026
Дома СВЕТ Трамп повторно задрема пред камера?/ВИДЕО

Трамп повторно задрема пред камера?/ВИДЕО

1

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече внимание за време на обраќање во Белата куќа, но овој пат не поради она што го кажа. Камерите го снимија со затворени очи и наведната глава за време на настанот, што поттикна тврдења на социјалните мрежи дека тој накратко задремал. Сепак, врз основа само на снимката, невозможно е со сигурност да се утврди дали Трамп навистина заспал.

Во понеделникот, во Овалната соба, Трамп претстави план за изградба на нова челичарница во Ајова, вредна 15 милијарди долари. Се очекува проектот на компанијата „Месаби металикс“ (Mesabi Metallics) да отвори најмалку 1.750 постојани работни места, а Трамп го претстави како голем чекор напред за американската индустрија за челик. За време на своето обраќање, Трамп повторно го спомена својот претходник Џо Бајден – кого со години го нарекува со прекарот „Поспаниот Џо“.

ИЗДВОЕНИ