Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 1 октомври, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Митологија, религија или слободна мисла“ на авторот Трајче Чатмов. Пред љубителите на уметноста ќе бидат претставени дваесетина слики од неговата најнова продукција и десетина од претходната. Сликите се во техника акрил на платно.

Трајче Чатмов е роден 1971 година, во Скопје. Дипломирал  на Факултетот за ликовни уметности, во класа на професорот  Рубенс Корубин. Магистрирал на тој факултет, под менторство на професорот Родољуб Анастасов. Своето прво самостојно излагање го имал непосредно по своето дипломирање, во Домот на културата во Охрид, во 1997 година, во рамките на „Охридско лето“, со што почнало неговото претставување како академски сликар. Има реализирано повеќе самостојни изложби во Македонија и надвор од нејзините граници.

Изложбата ќе биде поставена до 15 октомври.

ИЗДВОЕНИ