вторник, јуни 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трамп не мирува, започнува нова царинска војна: Следната недела следува зголемување на...

Трамп не мирува, започнува нова царинска војна: Следната недела следува зголемување на царините од 25 проценти за автомобили и камиони од ЕУ

189
Foto: EPA

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави воведување нови царини за Европската Унија, во областа на автомобилската индустрија.

Во изјава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека не е задоволен од односот меѓу Соединетите Американски Држави и Европската Унија и дека ќе започне со спроведување нови царини.

„Со задоволство објавувам дека, врз основа на фактот дека Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините што ѝ се наплаќаат на Европската Унија за автомобили и камиони што влегуваат во Соединетите Американски Држави. Царината ќе се зголеми на 25 проценти. Целосно е разбрано и договорено дека, доколку произведуваат автомобили и камиони во фабриките во Соединетите Американски Држави, нема да има царини“, рече Трамп, пренесе „Кликс“.

После тоа, Трамп изјави и дека Америка дополнително ќе го зајакне своето производство на автомобили и камиони.

„Многу фабрики за автомобили и камиони се во изградба во моментов, со инвестирани над 100 милијарди долари, што е рекорд во историјата на производството на автомобили и камиони. Овие фабрики, во кои се вработени американски работници, наскоро ќе се отворат“, заклучи американскиот претседател.

ИЗДВОЕНИ