петок, јули 31, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Мора да бидеме многу внимателни кога даваме дозвола некому да произведува...

Трамп: Мора да бидеме многу внимателни кога даваме дозвола некому да произведува ракети „Патриот“

0
Фото: EPA/SHAWN THEW

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека САД не го одобриле производството на ракети „Патриот“ во Украина и додаде дека неговата земја „мора да биде многу внимателна кога дава дозвола на некого да ги произведува“. „Не сме дале согласност. Разговараме за тоа“, рече Трамп за време на состанокот на кабинетот.

Трамп претходно изјави за „Фајненшл тајмс“ дека „не е сигурен“ дали ќе му даде зелено светло на Киев.

„Претседателот Володимир Зеленски би сакал да има ракети „Патриот“ и би сакал да има ракети „Томахавк“, рече американскиот претседател за време на состанокот на кабинетот отворен за печатот во претседателската летна резиденција Кемп Дејвид.

„Ова оружје е неверојатно. Мора да бидеме многу внимателни пред да дозволиме некому да го произведува“, рече Трамп. „Да им ја дадете оваа технологија, и еден ден тие би можеле да се свртат против вас“, предупреди американскиот претседател.

За време на посетата на Вашингтон пред три дена, украинскиот претседател рече дека „разговарал за лиценци за производство на пресретнувачи „Патриот“ со Трамп.

Тие разговараа за ова на затворен состанок во Белата куќа. Одбраната од балистички ракети, кои се особено тешки за пресретнување, е „апсолутен приоритет“ за Киев во време кога Русија ги засилува нападите врз Украина. Само американските системи „Патриот“ можат да ги соборат, но Украина нема ракети пресретнувачи PAC-3, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ