среда, јули 8, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран заврши, но разговорите можат да продолжат

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран заврши, но разговорите можат да продолжат

61
epa13095239 Ships anchor at Khor Fakkan Port, in Khor Fakkan, United Arab Emirates, 07 July 2026. As one of the upcoming measures for the UAE to avoid sending its shipping vessels through the Strait of Hormuz following disruptions caused by attacks on vessels during the recent regional conflict between the US, Israel, and Iran, Khor Fakkan Port will undergo expansion. Gulftainer, which operates Khor Fakkan Port, unveiled a global trade infrastructure strategy to build the Middle East's largest integrated logistics ecosystem. EPA/ALI HAIDER

Иран ги обвини САД за кршење на мировниот договор со нападите насочени кон локации околу Хормускиот Проток и со поништувањето на привременото ослободување на Техеран од санкциите за извоз на нафта. Американската војска, пак, тврди дека Иран го прекршил договорот во вторникот, кога нападнал три комерцијални брода што транзитирале низ протокот, а таа во средата рано изутрината, со одобрение од Трамп, само одговорила, погодувајќи 80 проценти од целите. Иран одговори со напади врз американските воени објекти во Бахреин и во Кувајт. Според порталот „Морски“, во екипажот на еден од бродовите што ги нападнал Иран во Хормускиот Проток во вторникот имало најмалку шестмина хрватски државјани, кои се неповредени.

 

Меморандумот за разбирање со Иран заврши, но разговорите можат да продолжат. Американскиот претседател, Доналд Трамп, вака го протолкува новото разгорување на кризата на Блискиот Исток во средата, откако иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека претходните напади на САД и на Израел го направиле привремениот договор за завршување на војната „неефикасен“.

И САД и Иран си ја префрлаат вината за новата ситуација еден на друг. Иран ги обвини САД за кршење на мировниот договор со нападите насочени кон локации околу Хормускиот Проток и со поништувањето на привременото ослободување на Техеран од санкциите за извоз на нафта. Американската војска, пак, тврди дека Иран го прекршил договорот во вторникот, кога нападнал три комерцијални брода што транзитирале низ протокот, а таа во средата рано изутрината само одговорила, погодувајќи 80 проценти од целите.

– Демонстрираната агресија на Иран беше неоправдана, опасна и јасно кршење на примирјето – соопшти Американската централна команда, осврнувајќи се на трите танкери, вклучувајќи и катарски брод за течен природен гас, кои беа погодени во рок од неколку часа, пишува „Гардијан“.

Според порталот „Морски“, во екипажот на еден од нападнатите бродови во Хормускиот Проток имало најмалку шестмина хрватски државјани, кои останале неповредени. Но, катарскиот брод „Ал Рекајат“, погоден од ирански ракети, може да експлодира поради пожар во котларницата, изјавил за „Ројтерс“ извор запознаен со инцидентот.

На нападите од САД Иран одговори со напади врз американските воени објекти во Бахреин и во Кувајт, каде што биле цел 85 објекти. Се слушале сирени за воздушен напад во двете земји, а кувајтската армија соопшти дека воздушната одбрана се соочува со „непријателски“ напади со ракети и беспилотни летала, но нема потврда за каква било штета.

Нападите во средата беа најновите во низата прекршувања на прекинот на огнот меѓу двете страни и покрај примирјето што стапи на сила во април и потпишувањето меморандум за разбирање минатиот месец, со кој почнаа 60-дневните преговори за решавање на прашањето за нуклеарната програма на Иран и за ставање траен крај на непријателствата.

Американските претставници, кои зборуваа за повеќе медиуми, изјавија дека цели на нападите биле иранските места за лансирање оружје, воздушната одбрана и крајбрежниот систем за надзор. Иранските државни медиуми објавија за серија експлозии на иранскиот остров Кешм во Хормускиот Проток и во градовите Сирик и Бандар Абас. Американските медиуми објавија дека Трамп ги одобрил нападите додека присуствувал на самитот на НАТО во Турција. Зборувајќи во средата изутрина, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа нападите на САД, велејќи: „Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши прекинот на огнот, мислам дека е апсолутно клучно САД енергично да реагираат“.

Експертите велат дека нејасната формулација на меморандумот за разбирање ги натерала двете страни да го толкуваат договорот на различни начини, а постојаното недоразбирање претставува континуирана закана за прекинот на огнот. Нападите од САД се случија во текот на повеќедневните погребни церемонии за врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на почетокот од војната, на 28 февруари.

ИЗДВОЕНИ