
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неколку земји, заедно со САД, ќе испратат воени бродови за да се осигурат дека Ормускиот теснец останува отворен за пловидба.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека земјите погодени од обидот на Иран да го затвори важниот морски премин ќе ги испратат своите бродови во регионот.
„Многу земји, особено оние што би биле погодени од обидот на Иран да го затвори Ормускиот теснец, ќе испратат воени бродови заедно со Соединетите Американски Држави за да го одржат Ормускиот теснец отворен и безбеден“, напиша Трамп.
Трамп изрази очекување дека други големи земји ќе се приклучат на операцијата.
„Веројатно е Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други земји да испратат бродови во областа, така што Ормускиот теснец повеќе нема да биде под закана“, напиша тој.
Во соопштението, тој исто така тврдеше дека САД ги уништиле воените капацитети на Иран.
„Веќе уништивме 100 проценти од воените капацитети на Иран“, рече Трамп, додавајќи дека Иран сè уште би можел да се обиде да испрати беспилотни летала, мини или ракети во областа.
Трамп рече дека американските сили ќе продолжат со воените операции.
„Во меѓувреме, САД ќе го бомбардираат брегот и ќе продолжат да потонуваат ирански бродови и чамци“, напиша тој.
Тој додаде дека, „на еден или друг начин“, Ормутскиот теснец наскоро ќе биде „отворен, безбеден и слободен“.











