недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ ЕK: Полскиот парламент има право да именува судии во Уставниот суд

ЕK: Полскиот парламент има право да именува судии во Уставниот суд

20
Фото: EPA/Radek Pietruszka POLAND OUT

Европската комисија денеска соопшти – осврнувајќи се на разрешувањето на претседателот на Уставниот суд на Полска и кризата што овој потег ја предизвика во земјата – дека полскиот парламент има право да именува судии во Уставниот суд.

Оваа изјава доаѓа по судирите што избија во петокот вечерта пред зградата на полскиот Уставен суд – настани што беа пренесувани во живо на телевизија – пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).

„На полските власти е да обезбедат Уставниот суд да може да функционира во согласност со полскиот Устав и во склад со релевантната судска пракса на Судот на правдата на Европската унија“, изјави портпарол на Европската комисија, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ