петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ Новиот тренер на Реал (М) ќе „избрка“ три големи ѕвезди

Новиот тренер на Реал (М) ќе „избрка“ три големи ѕвезди

2350
epa12800119 Real Madrid's players celebrate after scoring the 0-1 lead during a Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid at Balaidos stadium in Vigo, Spain, 06 March 2026. EPA/Lavandeira Jr

Трофејниот стрчњак, Унаи Емери, е еден од фаворитите за преземање на Реал (М). Шпанскиот стручњак успешно ја води Астон Вила веќе четири години, па челниците на „кралскиот клуб“ веруваат дека тој има што е потребно за да стане предводник на најтрофејниот клуб во Лигата на шампиони.

Разговорите со потенцијалните кандидати наводно веќе се започнати, а како што тврди „Ел Насионал“, Емери има јасен став дека за него, тројцата играчи на Реал (М) немаат место во клубот ако тој стане тренер.

Искусниот стручњак ги отпишал големите ѕвезди, Антонио Рудигер, Арда Гулер и Трент Александар-Арнолд.

Рудигер е при крајот на договорот со Реал и неговото заминување е очекувано. Сепак, фактот дека е подготвен да ги прешкрта Гулер и Трент е дефинитивно големо изненадување.

„Доколку Унаи Емери ја напушти Астон Вила и го преземе Реал (М) следното лето, би можеле да се случат огромни промени“, пишува шпанскиот весник и продолжува:

„Антонио Рудигер, чиј договор истекува, потоа Арда Гулер, и изненадувачки Трент Александар-Арнолд, се наоѓаат на списокот на непотребни играчи на шпанскиот стручњак.“

Емери е високо на листата на кандидати за преземање на „кралскиот клуб“. Прв избор е Јирген Клоп, но Германецот, барем засега, изгледа како недостижна опција за „кралевите“.

Клоп е задоволен од улогата директор на фудбалот во Ред Бул и мали се шансите да се предомисли во наредните месеци.

Шпанските медиуми тврдат дека и сегашниот тренер Алваро Арбелоа има шанса да остане во жешкото столче. Очигледно, овој стручњак добил ветување од претседателот Флорентино Перез дека, доколку освои трофеј, ќе добие шанса да го води тимот следната сезона.

Секако ќе биде интересно да се види што ќе се случи во наредните месеци. Реал (М) се бори за титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите, а Алваро Арбелоа е оној кој би можел да изгуби најмногу.

Според истите извори, Реал (М) би бил подготвен да дозволи значителен буџет за засилувања што одговараат на визијата на Емери за играта, што би можело да предизвика вистинска верижна реакција на пазарот, но и да го разниша статусот на некои моментално заштитени ѕвезди во соблекувалната на „кралевите“.

Унаи Емери во својата тренерска кариера ги водеше и Виљареал, Арсенал, ПСЖ, Севиља, Спартак Москва, Валенсија, Алмерија и Лорка.

 

ИЗДВОЕНИ